Во последниот извештај за ситуацијата во Газа, Обединетите нации забележуваат нагло зголемување на детската неухранетост.
Во јули во однос на јуни ова е зголемено за речиси 50 проценти. Повеќе од 650 деца сега страдаат од „акутна неухранетост“ во Газа, три пати повеќе од бројот во мај.
Во Газа има сериозен недостиг на храна и вода бидејќи Израел ја спречува испораката на хуманитарна помош.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, исто така, известува дека околу 10.000 луѓе се исчезнати или под урнатините на уништените згради.
TRT Balkan / агенции