Претходно државниот секретар на САД Антони Блинкен изјави дека преговорите за прекин на огрон очекува да завршат успешно / Фото: Reuters

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по одржаниот состанок на Кабинетот за безбедност се согласи да го прифати договорот за примирје со Либан, со поддршка на дипломатските напори на Соединетите Американски Држави.

По одржаниот состанок Нетанјаху пренесе дека Израел го задржува правото да возврати со сила на било какви прекршувања на договорот од страна на Хезболах.

Претходно државниот секретар на САД Антони Блинкен изјави дека преговорите за прекин на огрон очекува да завршат успешно.

„Ќе направи голема разлика во спасувањето животи и средства за живот во Либан и во Израел. Ќе направи голема разлика во создавањето услови што ќе им овозможат на луѓето безбедно да се вратат во своите домови во северен Израел и во јужен Либан“, тој нза време на прес-конференцијата во Италија каде што се состана со министрите за надворешни работи на Г-7.

AA
Популарни