Маск речиси цела ноќ ја користеше платформата Х за да ги пренесе неговите пораки дека Америка ја очекува светла иднина / Фото: AA

Илон Маск, најбогатиот човек на планетата, изборната ноќ во САД ја проследи со серија на твитови со кои се исмеваше со политичките противници, но и покажа радост затоа што застана зад републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Маск го повтори „мимот“ од моментот кога ги презеде канцелариите на социјалната мрежа Твитер, овој пат со монтажа во Белата куќа со пораката „нека ви стане јасно“ (Let that sink in).

Сопственикот на платформата Х беше присутен во седиштето на изборната кампања на Доналд Трамп во Вест Палм Бич на Флорида.

Маск речиси цела ноќ ја користеше платформата Х за да ги пренесе неговите пораки дека Америка ја очекува светла иднина со новото политичко раководство, во чиј избор тој имаше клучна улога, целосно поддржувајќи го Доналд Трамп на митинзите и финансирајќи дел од неговата кампања.

Илон Маск исто така се пофали дека за време на изборите Х ги срушил рекордите на посетеност во САД и им порача на корисниците на социјалната мрежа дека сега тие се новите „медиуми“.

Претходно Маск беше обвинуван од мејнстрим медиумите дека почнува со ширење лажни наративи за гласачки злоупотреби, внесувајќи паника во јавноста дека постои оркестриран обид да се одземе победата на Доналд Трамп.

TRT Balkan
Популарни