Портпаролот на претседателскиот Кабинет, Ибрахим Калин, соопшти дека Туркије, НАТО, Шведска и Финска ќе одржат четирилатерален состанок на лидерите во Мадрид оваа недела како дел од клучниот самит на НАТО.
Утре, на 28 јуни, на барање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе се одржи четирилатерален самит во Мадрид со учество на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Нашето присуство на овој самит не значи дека ќе се повлечеме од нашиот став“, изјави Калин за турскиот телевизиски канал „Хабертурк“.
Калин, исто така, потсети дека турските власти одржале два состанока со нивните шведски и фински колеги досега за да разговараат за барањата за членство во НАТО на двете земји.
Калин рече дека тој и турскиот заменик министер за надворешни работи Седат Онал ќе престојуваат во официјална посета на Брисел на третата рунда од разговорите, како дел од одлуката донесена за време на телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Столтенберг.
„Четвртата рунда од разговорите ќе се одржи пред самитот во Мадрид“, додаде Калин.
„Шведска и Финска да заземат јасен став против терористичките организации“
Тој истакна дека Туркије очекува Шведска и Финска да заземат јасен и недвосмислен став против терористичките организации и поврзаните структури со ПКК/ПЈД/ЈПГ.
Оваа недела во шпанскиот главен град ќе доминира воената алијанса бидејќи лидерите на НАТО треба да се сретнат во Мадрид за да дискутираат за тоа најголемото воено распоредување од крајот на Студената војна.
Самитот на НАТО ќе се одржи од вторник до четврток, а разговорите се очекува да бидат фокусирани на одговорот на НАТО на војната во Украина и барањата на Шведска и Финска за пристапување кон Алијансата.
Шведска, заедно со Финска, официјално поднесоа барање за приклучување во НАТО минатиот месец, одлука поттикната од војната на Русија во Украина, која започна на 24 февруари.
Но, Туркије, долгогодишна членка на Алијансата, изразни приговори за членството, критикувајќи ги земјите за толерирање па дури и поддржување на терористички организации.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.