Калин: Турскиот народ на 28 мај ќе го има најдобриот одговор за „Шарли Ебдо“ / Photo: AA Archive

Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, изјави дека турската нација ќе му даде најдобар одговор на магазинот „Шарли Ебдо“ на 28 мај и тоа громогласно.

Калин преку својот профил на социјалните мрежи упати реакции на објавите од страна на францускиот магазин „Шарли Ебдо“, велејќи: „Бидејќи недоличниот 'Шарли Ебдо' е толку полуден, тоа значи дека ние сме на вистинскиот пат.“

„Злото понекогаш е вакво. На добрите им го покажува патот. Не грижи се 'Шарли Ебдо'​​​​​​​. Нашата нација на 28 мај и тебе ќе ти го даде најдобриот одговор, и тоа громогласно“, додаде Калин.


TRT Balkan / агенции
Популарни