Democratic presidential nominee U.S. Vice President Harris delivers speech conceding 2024 presidential election to President-elect Trump, in Washington / Photo: Reuters

Демократската кандидатка Камала Харис јавно се обрати за да го прифати поразот на претседателските избори и ги повика своите поддржувачи да го прифатат резултатот, ветувајќи дека ќе се вклучат во „мирен трансфер на власта“ откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа.

Харис го призна длабокото разочарување што го чувствуваат многу нејзини поддржувачи, велејќи дека резултатите „не биле она што го сакавме, не она за што се боревме, не она за што гласавме“.

„Знам дека луѓето чувствуваат и доживуваат низа емоции во моментов. Сфаќам. Но, мораме да ги прифатиме резултатите од овие избори“, рече таа од Универзитетот Хауард во Вашингтон на нејзиниот матичен факултет каде беше и седиштето на нејзината кампања.

„Претходно денеска разговарав со новоизбраниот претседател Трамп и му честитав за победата. Му реков и дека ќе му помогнеме нему и на неговиот тим во нивната транзиција и дека ќе се вклучиме во мирен трансфер на власта“, додаде таа.

Таа ги повика демократите да не се откажуваат во пресрет на резултатите од вторникот, туку наместо тоа да „засукаат ракави“, да се организираат и „да останат ангажирани заради слободата и правдата и иднината што сите знаеме дека можеме да ја изградиме заедно“.

„Знам дека многу луѓе се чувствуваат како да влегуваме во мрачно време, но за доброто на сите нас, се надевам дека не е така. Но, Америко ова е многу битно, ако е навистина така тогаш да го исполниме небото со светлина на брилијантната, блескава милијарда ѕвезди, светлината на оптимизмот, на верата, на вистината и јавната служба“, рече таа.

Победата на Трамп означува историски и неверојатен кам-бек откако тој не успеа да биде реизбран за втор последователен мандат во 2020 година, во кој тој без докази тврдеше дека изборите биле наместени и неуспешно се обиде да ги поништи резултатите.

Изборите, исто така, беа во корист на Републиканската партија како целина, бидејќи тие го сменија балансот на моќ од демократите со преземање на контролата врз Сенатот со 52-43 мандати. За мнозинство во Сенатот потребни се 51 мандат.

Контролата на Конгресот допрва треба да се утврди, бидејќи неколку трки се уште се пребројуваат. Досега, републиканците водат пред демократите со тесна разлика, 201-181, а потребни се 218 мандати за да се преземе контролата врз Долниот дом.

Трамп ќе биде инаугуриран за вториот мандат во Белата куќа на 20 јануари 2025 година. Харис, како потпретседател, треба да ја надгледува церемонијата на полагање заклетва во Капитол.

AA
Популарни