Камала Харис официјално ја прифати номинацијата за претседател на САД / Photo: AA

Американската потпретседателка Камала Харис синоќа официјално ја прифати демократската претседателска номинација, ветувајќи дека ќе биде „претседател на сите Американци“.

„Ќе бидам претседател што нѐ обединува околу нашите највисоки аспирации“, изјави Харис во својот говор на последната вечер на Демократската национална конвенција (ДНК) во 2024 година во Чикаго, Илиноис.

„Претседател кој води и слуша, кој е реален, практичен и има здрав разум и секогаш се бори за американскиот народ“, рече таа.

Таа истакна дека ноемвриските претседателски избори се едни од најважните во животот на нејзината нација.

Харис рече дека нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп е „несериозен човек“ и дека последиците од враќањето на Трамп во Белата куќа се „исклучително сериозни“.

Исто така, Харис истакна дека таа и претседателот Џо Бајден „работат деноноќно“ за да постигнат „договор за прекин на огнот во Газа и за заложниците“.

„Секогаш ќе се залагам за правото на Израел да се брани и секогаш ќе се погрижам Израел да има способност да се брани. Во исто време, тоа што се случи во Газа во последните десет месеци е поразително. Очајни, гладни луѓе трчаат на безбедно, одново и одново“, рече Харис.

Таа рече дека размерите на страдањата во Газа се „срцепарателни“.

„Претседателот Бајден и јас работиме да ставиме крај на оваа војна за Израел да биде безбеден, заложниците да бидат ослободени, страдањето во Газа да заврши и палестинскиот народ да има право на достоинство, безбедност, слобода и самоопределување“, рече Харис.

AA
Популарни