По стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, камиони со помош почнаа да влегуваат во Газа од граничната порта Рафа на египетската страна.
Во веста емитувана на египетскиот канал „Ал-Каиро ал-Ихбарија“ се наведува дека камиони со хуманитарна помош кои чекаат на граничната порта Рафа почнаа да влегуваат во Појасот Газа.
Палестински извори објавија дека 95 камиони кои пристигнале до граничната порта Керем Абу Салим чекале да стапи на сила прекинот на огнот за да влезат во Газа.
Објавено е дека 4.000 камиони со хуманитарна помош од Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА) чекаат да влезат во Појасот Газа.
Додека договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во Газа, договорен меѓу Хамас и Израел, се очекуваше да стапи на сила во 07:30 часот по средноевропско време, администрацијата на Тел Авив објави дека прекинот на огнот нема да стапи на сила „сѐ додека не се наведат имињата на трите Израелски заробенички кои треба да се ослободат“.
Откако Хамас денеска го соопшти списокот на затвореници кои ќе бидат ослободени од Газа, Израел објави дека прекинот на огнот започна во 10:15 часот по средноевропско време.