Страшни сцени на уништување во Кан Јунис по повлекувањето на израелската армија
Израелските сили се повлекле, но зад себе оставиле големи разурнувања во Кан Јунис
Израелската армија во неделата објави дека се повлекла од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, каде што копнените напади траат околу четири месеци.
Израелските сили се повлекле, но зад себе оставиле големи разурнувања во Кан Јунис.
Репортерскиот тим на Анадолу го посети регионот и направи фотографии кои сведочат за степенот на бруталното уништување на станбени области за време на израелските напади.
На видеата се прикажани населби со стотици целосно или во голема мера уништени куќи, згради и инфраструктура.
Портпаролот на израелската армија потврди дека 98-та дивизија на армијата, која го изврши нападот врз Кан Јунис, ја завршила мисијата.
Синоќа дивизијата целосно се повлече од Појасот Газа каде ќе остане само бригадата Нахал. Според израелските медиуми, бригадата Нахал ќе остане во регионот за да го спречи враќањето на цивилите на северот на Газа.
Според весникот „Харец“, повлекувањето од Кан Јунис ќе им овозможи на Палестинците кои беа раселени шест месеци поради израелските напади во Газа и се засолниле во Рафах, да се вратат во своите домови.
Одлуката на израелската војска да ги повлече сите свои сили од градот во Јужна Газа, не е поврзана со преговорите за договор за заложници, ниту по барање на американскиот претседател Џо Бајден,објави дневниот весник Харец цитирајќи високи израелски воени претставници.
„Како што објасни еден офицер, по операцијата на 98. дивизија на подрачјето на Хан Јунис четири месеци таквите маневри од големи размери даваа сè помали резултати“, пишува Хаарец.
Воените лидери, кои претпочитаа да не ги откриваат своите имиња, рекоа дека израелската војска „одамна сфати дека држењето голем број војници што, всушност, се статични во Газа наместо нивно преместување да се борат во нови области, ги загрозува бидејќи нивните фиксни позиции ги претворија во цели за терористичките ќелии“, се вели во веста.