Поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше разрешен од Конгресот поради „злоупотреба на положбата“ во Перу, испрати писмо од затвор тврдејќи дека тој е претседател на државата.
Тој го објави писмото преку Твитер во кое вели дека е „насилно приведен“ и ја обвини својата поранешна потпретседателка, а сега нова претседателка Дина Болуарте дека е „узурпатор“.
„Ви се обраќам во најтешкиот момент од моето владеење, понижен, малтретиран и киднапиран, но сепак сум дел од вашата борба, во величественоста на суверен народ проткаен со славниот дух на нашите предци“, вели Кастиљо во писмото.
Тврдејќи дека се уште е претседател на Перу, Кастиљо изјави дека е лојален на народот и на уставната власт и дека нема да се откаже од своите високи и свети должности.
Во писмото, Кастиљо ги критикуваше забелешките на Болуарте за изборите што тој предлага да се одржат во април 2024 година, велејќи:
„Јавноста да не паѓа на валканиот трик на нови избори“.
Потенцирајќи дека треба да се свика Основачкото собрание, Кастиљо бара прекин на злоупотребата и негово итно ослободување.
Од друга страна, државниот обвинител на Перу, Патриша Бенавидес, поднесе до Конгресот барање против Кастиљо и тројцата министри под обвинение за „бунт и заговор против уставниот поредок“.
Конгресот го отповика поранешниот перуански претседател Кастиљо под обвинение за „трајна морална неспособност“, обвинувајќи го за соборување на владата. Одлуката за смена на Кастиљо од функцијата беше донесена на пленарната седница на 7 декември со 101 глас за, шест против и десет воздржани.
Причината за одлуката за разрешување на Кастиљо од функцијата е „обид да се узурпираат јавните функции, да се наруши функционирањето на државната власт и да се наруши поредокот утврден со политичкиот устав“.
Полицијата го приведе Педро Кастиљо по неговата одлука да го распушти Конгресот и да формира вонредна национална влада.
Во Перу, потпретседателката Дина Болуарте положи заклетва на 8 декември како нов претседател на земјата, откако Кастиљо беше сменет од функцијата.