Новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Милеи започна со лобирање во Вашингтон низ серија на средби со челници на САД и Меѓународниот монетарен фонд барајќи поддршка за извлекување на неговата држава од тешката економска криза, како еден од првите чекори по изборите.
Ова е прва меѓународна посета на Милеи пред тој официјално да ја преземе функцијата на 10 декември по неговата изборна победа на 19 ноември, издвојувана против Серхио Маса поранешниот министер за економија.
Пред само неколку години, либертаријанецот беше сметан за аутсајдер на политичката сцена, речиси непознат за јавноста.
Трансформирајќи се од телевизиска личност во политички феномен, неочекуваниот раст на Милеи му овозможи голема победа. И покрај тоа што заврши втор на првиот изборен круг во октомври, успеа да издвои убедлива победа со 12% разлика во гласовите против Маса.
Милеи, познат по неговиот ексцентричен стил и контроверзни изјави, го споредуваат со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и бразилскиот Жаир Болсонаро.
Тој се противи на правото на абортус и го опиша сексуалното образование како марксистички заговор за уништување на традиционалното семејство.
„Лудакот“ како што често е нарекуван, има изјавено дека поддржува продажба на човечки органи и легализирање на слободното носење на оружје. Тој исто така ја преиспитува веродостојноста на климатските промени.
Неговите неконвенционални ставови предизвикаа жестока дебата, но гласачите кои се разочарани од економската криза застанаа зад Милеи.
„Луѓето не гласаа за него поради неговите ставови за абортусот. Аргентинците гласаа за него и покрај овие политики, затоа што очајно сакаат да излезат од економската криза, за која најмногу ја обвинуваат актуелната власт“, вели Пабло Тузон директор на политичката консултантска куќа Есценариос.
Милеи се обврза на драстични мерки за справување со инфлацијата која достигна 140% и вредноста на арегентискиот пезос падна за 90% во последните четири години.
Тој предлага кратења на јавните расходи, укинување на министерства и прифаќање на американскиот долар како национална валута. Со потегот не се согласуваат многу експерти, вклучувајќи го и Тузон кој објаснува дека доларизацијата на економијата може да значи дополнително обезвреднување на пезосот, раст на цените и инфлацијата.
Либертаријанскиот економист исто така вети дека ќе ја укине централната банка. бидејќи како што смета е длабоко корумпирана институциија која ја финансира политичката класа.
Привлечноста на Милеи е видлива особено кај фрустрираните, претежно млади машки гласачи, кои ја критикуваат владината корупција и лошото управување кои придонесуваат за лошата економска состојба на Аргентина.
Тузон смета дека многу од тие гласачи не биле сведоци на растот на земјата во 2000-тите години. Аргентина прерасна во една од најлибералните држави во Латинска Америка, со масовни феминистички движење и конзервативните политики ретко добиваа значење.
Главни политички мети на Милеи се жените, ЛГБТ заедницата, па дури и папата Франциско. Многу од неговите симпатизери гласаа за отфрлање на состојбата на статус кво отколку недвосмислена поддршка за неговите политики.
„Милеи не може да биде комотен дека неговата политичка агенда е целосно прифатена бидејќи тоа не е така, туку отфрлање на актуелната власт“, смета Тузон.
Милеи и неговиот потпретседател исто така ја ревидираат крвавата воена диктатура која владееше со земјата од 1976 до 1983 година. „Но, не може и да кажете дека 55% од Аргентинците кои гласаа за Милеи во вториот круг дека сакаат да се врати диктатурата“, посочува Тузон.
Загриженоста дека Милеи е способен да владее постои поради недоволното искуство и недостигот на поддршка од мнозинството во Конгресот. Формирањето коалиции и градење консензус со политичките партии ќе биде клучно за неговиот успех.
Иако во почетниот дел од кампањата применуваше реторика на конфронтација, Милеи потоа пристапи кон помирување. Тој иако претходно го критикуваше, упати покана до Луиз Инасио Лула да Силва претседателот на Бразил, да присуствува на неговата инаугурација.
Сака да гради дипломатски односи и да проектира една поумерена слика. За кинеската власт рече дека е „атентаторска“ и се закануваше дека ќе ги прекине дипломатските односи со Пекинг, а потоа се повлече од таа позиција и почна да ги подобрува односите со папата Франциско.
„Тој станува поумерен бидејќи претходно немаше таква одговорност и не очекуваше дека може да победи“, оценува Тузон.
Милеи сепак, ќе треба да се справува со опоравување на економските проблеми иако че се соочи со многу политички предизвици.
„И што е сега подобро од тоа „лудакот“ да направи еден вид хемотерапија, процес кој е неизбежен, за можеби Аргентина да почне да заздравува“, се запрашува Тузон.