Абдел Фатах ал Сиси освоил 89% од гласовите според Државната изборна комисија на Египет / Фото: Reuters

Националната изборна комисија на Египет објави дека актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси е повторно избран за претседател.

Хазим Бедеви, претседателот на Државната изборна комисија, изјави дека актуелниот претседател Сиси добил нов мандат што ќе трае до 2030 година.

Напоменувајќи дека Сиси освоил 89,6 отсто од гласовите, Бедеви наведе дека на претседателските избори гласале 44,7 милиони гласачи, со излезност од 66,8 отсто.

AA
Популарни