Пациентите со рак евакуирани од Газа се упатуваат кон Туркије на лекување / Photo: AA

Неколку пациенти болни од рак успешно се евакуирани од Газа и заедно со нивната придружба синоќа заминаа на воениот аеродром во североисточен Египет за да бидат пренесени на лекување во Туркије.

Турските лекари ја пречекаа групата на граничниот премин Рафах меѓу Египет и блокираната палестинска енклава, што е мета на израелските напади изминатите 40 дена.

Од тамy беа пренесени на воениот аеродром Ал-Ариш со амбулантни возила.

Туркије достави тони опрема за помош, вклучувајќи лекови, медицински помагала и амбулантни возила за жителите на Газа, каде што хуманитарната ситуација е страшна поради израелскиот напад од 7 октомври.

Израелскиот напад на Појасот Газа влезе во својот 40-ти ден. Според најновите податоци на палестинските власти, загинаа најмалку 11.320 Палестинци, вклучувајќи над 7.800 жени и деца, а повеќе од 29.200 други се повредени.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава од минатиот месец.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел е околу 1.200, според официјалните бројки.

TRT Balkan / агенции
Популарни