Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, е во официјална посета на Египет за да разговара за медицинската помош на населението во блокираниот палестински Појас Газа, а по тој повод најави дека децата и болните од карцином ќе бидат пренесени од Газа во Египет, а во втората фаза со амбулантни возила ќе бидат испратени на лекување во Туркије.
Коџа во Каиро беше примен од египетскиот министер за здравство, Калед Абдел Гафар, а двајцата министри разговараа за медицинската помош за Газа и трансферот на пациентите во Туркије.
И минатата недела Коџа и Абдел Гафар разговараа телефонски на овие теми и формираа контакт-група за праќање помош во Газа преку граничниот премин Рафах.
Во рамките на денешната посета на Каиро, Коџа ги посети и болницата Наср и пациентите од Газа што се лекуваат во тој комплекс.
Турскиот министер разговараше со пациентите од Газа и со египетскиот колега Абдел Гафар за можностите тие да бидат испратени на лекување во Туркије.