Катар денеска најави продолжување на привремената хуманитарна пауза во Газа меѓу Израел и палестинската група Хамас за два дена.
На X, портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед Ал-Ансари истакна како Катар објавува дека како дел од тековното посредување, е постигнат договор за продолжување на хуманитарното примирје за дополнителни два дена во Појасот Газа.
По објавувањето, продолжувањето на примирјето го потврди и Хамас.
„Со браќата во Катар и Египет е договорено продолжување на привременото хуманитарно примирје за дополнителни два дена според истите услови од поранешното примирје“, се вели во соопштението на Хамас.
Израел се уште не го потврди примирјето.
Катар помогна да се постигне оригиналниот четиридневен договор, кој започна минатиот петок.