Катар: Интензивни безбедносни мерки за погребот на Исмаил Ханије во Доха / Photo: AA

Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, убиен во обид за атентат на 31 јули во Техеран, ќе биде погребан денеска во Доха, а катарските безбедносни сили презедоа интензивни безбедносни мерки во главниот град на земјата од Персискиот залив.

Од синоќа на меѓународниот аеродром Хамад се формирани долги редици луѓе кои сакаат да присуствуваат на погребот на лидерот на Хамас, меѓу кои има и официјални лица од бројни земји.

Многу улици и авении во Доха се затворени за сообраќај, а посебни безбедносни мерки се преземени околу џамијата „Мохамед бин Абдулвахаб“, каде што ќе биде извршен погребот по петочната молитва.

Настанот го следат претставници на голем број домашни и странски медиумски компании.

Хамас и Иран во средата наутро ја потврдија смртта на Ханије во воздушен напад на израелската војска врз неговата резиденција во Техеран, еден ден откако тој присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан.

Иако официјален Израел не даде каков било комантар во врска со атентатот, премиерот Бенјамин Нетанјаху навести вмешаност на Тел Авив во убиството на лидерот на Хамас.

AA
Популарни