Израелската армија денес започна интензивни воздушни напади врз Јужен Либан, што е најголемо бомбардирање од почетокот на непријателствата минатиот 8 октомври / Photo: Reuters

Кина побара од своите граѓани да го напуштат Израел поради зголемените тензии кои произлегуваат од војната на Тел Авив во Газа и бомбардирањето на Јужен Либан.

Во соопштението на кинеската амбасада во Тел Авив се вели дека ситуацијата на израелско-либанската граница е „високо тензична, често се случуваат воени судири, а локалната безбедносна ситуација во Израел останува тешка, сложена и променлива“.

„Од кинеските граѓани во Израел се бара да се вратат во Кина или да се преместат во безбедни области колку што е можно поскоро“, се вели во соопштението на амбасадата објавено доцна синоќа.

Кинеските граѓани во Израел се потсетуваат „да обрнат големо внимание на развојот на ситуацијата, да бидат дополнително внимателни, да бидат подготвени да спречат секаков вид напади, како со проектили, ракети и дронови, ефикасно да ги зајакнат безбедносните мерки на претпазливост“.

„Оние што навистина мора да останат во Израел треба навреме да обрнат внимание на локалните безбедносни совети, да инсистираат да не излегуваат надвор освен ако е потребно, да избегнуваат да одат во области со висок ризик и чувствителни области, како што е северот, да одржуваат контакт и да ја осигурат безбедноста“, се додава од кинеската амбасада во Тел Авив.

Израелската армија денес започна интензивни воздушни напади врз Јужен Либан, што е најголемо бомбардирање од почетокот на непријателствата минатиот 8 октомври.

Најмалку 100 лица загинаа, а нд 400 се ранети во денешните напади врз Либан, соопшти либанското министерство здравство.

AA
Популарни