Белата куќа соопшти дека нема докази кои укажуваат на тоа дека Хамас се обидува да употреби каква било форма на влиание за да го спречи заминувањето на заробените Американци од Газа.
„Воопшто нема индикации дека Хамас се обидува да користи било какво влијание или уцена за да ги спречи Американците да излезат“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби за новинарите.
Тој рече дека групата Американци во рацете на Хамас е „прилично мала“, а и мал дел од нив ги исполнуваат условите да бидат ослободени во моментов, бидејќи предност имаат жените и децата.
„Не можеме само да претпоставиме дека Хамас има подготвен пристап до сите во еден момент, или дека сите Американци се задржани од Хамас, а секако не, дека се на истото место“, додаде тој.
На првиот ден од дополнителното дводневно примирје за размена на заложници меѓу Израел и Хамас, 12 лица- 10 Израелци и двајца Тајланѓани беа ослободени.
Договорот беше објавен во понеделникот.
„Ниту еден Американец, за жал, не излезе денеска, но се надеваме. Утре е нов ден“, рече Кирби.
Наводно, осум или девет Американци сè уште се држат како заложници.
Кирби го повтори ставот на САД за можните израелски операции во јужниот дел на Газа.
„Ние не ги поддржуваме операциите на југот, освен ако или додека Израелците не покажат дека ги изброиле сите внатрешно раселени луѓе во Газа“, рече тој.
САД го повикуваат Израел да не го повторуваат масовното раселување на Палестинците кое резултираше од инвазијата на северниот дел на Појасот Газа, кога ќе ја продолжи својата кампања на југот на крајбрежната енклава.
Израел започна масовна воена кампања во Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Оттогаш уби над 15.000 луѓе, вклучувајќи 6.150 деца и 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.