Хамас тврди дека судирите со израелската армија во Кан Јунис се концентрирани во источните области на градот, пред се во земјоделските региони

Израелската армија сега е во „срцето“ на Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, изјави во вторникот висок израелски командант.

„Ние сме во срцето на Џабалија, во срцето на Шуџаија и од синоќа, во срцето на Кан Јунис“, се вели во соопштението на генералот на Јужната команда на израелската армија, Јарон Финкелман.

И покрај употребата на терминот „срце“ на Кан Јунис од страна на Финкелман, денешните изјави на бригадите Ал-Касам појаснија дека тековните судири со израелската армија во Кан Јунис се концентрирани во источните области на градот, пред се во земјоделските региони.

„Се наоѓаме во најинтензивен ден од почетокот на копнената операција во однос на убиените терористи, бројот на престрелки и употребата на огнена моќ од копно и воздух“, додаде командантот.

Израел ги продолжи воздушните и копнените напади минатиот петок врз Појасот Газа по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со Хамас.

И покрај тоа што претходно им нареди на жителите на Газа да одат од северна Газа на југ, што имплицираше дека југот е побезбеден, Израел неодамна започна офанзива на југ, дополнително раселувајќи ја популацијата од милиони, изложена на гранати.

Најмалку 15.899 Палестинци се убиени, а повеќе од 42.000 се повредени откако Израел започна масовна воена кампања врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7. октомври, според здравствените власти на Газа.

Според официјалните податоци, билансот на израелските жртви во нападот на Хамас изнесува 1.200.


AA
Популарни