Глобализацијата ја менува и демографската слика, а со тоа и бројот на луѓето што живеат во градовите. Големите градови стануваат уште поголеми, а со тоа и понаселени.
Независната организација „World Population Review“, која се занимава со собирање, анализа и презентација на податоци, направи листа на десет најнаселени градови во светот.
Најнаселен е главниот град ја Јапонија, Токио, кој има 37,4 милиони жители. По Токио следуваат, главниот град на Индија, Делхи со 29,3 милиони жители и Шангај - една од четирите „градови-покраини“ на Кина, со 26,3 милиони жители.
Најголемиот град во Бразил, Сао Пауло е четвртиот град во светот според бројот на населението. Градот има вкупно 21,8 милиони жители.
Петти град според бројот на жители е Мексико Сити, на чија територија живеат 21,6 милиони луѓе.
На листата на 10 градови со најмногу население се и главниот град на Египет, Каиро (20,4 милиони жители), Дака, главниот и најголем град на Бангладеш со 20,2 милиони жители.
На осмото место на листата на десет најнаселени градови во светот е главниот град на сојузната држава Махараштра во Индија и нејзиниот финансиски центар Мумбај (20,1 милиони жители).
Во топ 10 листата на градови со најмногу жители се најдоа и главниот град на Кина, Пекинг со 20,03 милиони жители и Осака во Јапонија со 19,2 милиони жители.
„Можеби не е изненадувачки што најголемиот дел од најнаселените градови во светот се во двете најнаселени земји во светот, Кина и Индија“, пишува во анализата објавена на сајтот на „World Population Review“.
Истанбул - најнаселен град во Европа
Според организацијата, од европските градови, Истанбул е најнаселен град, со повеќе од 14,5 милиони жители. Потоа следат Москва (над 12 милиони) и Париз (11 милиони вклучувајќи ја и зоната на париското метро). Овие градови се секако и културно значајни затоа што угостуваат милиони туристи од целиот свет.
Има голем број на популарни и културно богати градови кои имаат помало население, што често создава повисок животен стандард за нивните жители.
Барселона, Сиднеј, Берлин и Ванкувер имаат помалку од пет милиони жители, но се многу популарни избори за градско живеење.
Мали, но значајни градови
Исто така, постојат некои релативно мали градови со голема културна, историска или политичка репутација, како што се Сараево (314.000 жители), Единбург (502.000 жители) и Венеција (631.000 жители), што покажува дека малите градови можат да бидат многу значајни без оглед на големината на нивното население, пишува „World Population Review“.
2 јул 2022
Кои се десетте најнаселени градови во светот?
Со 37,4 милиони жители, Токио го носи епитетот на најнаселен град, а по него следуваат Делхи и Шангај, градови кои се во првите три на листата од 10 најнаселени градови во светот.
TRT Balkan
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Фидан: Туркије нема намера за агресија, ниту промена на режимот во Сирија
Постои прекин на огнот меѓу силите на теренот во Сирија,кој трае со години преку процесот Астана, но она што треба да се направи е да се промени со подобар структурен механизам и за подобра цел, изјави Фидан на брифинг со новинарите во Анкара
Ердоган: Храбри се налозите на МКС за апсење за Нетанјаху и Галант
Со цел да ја вратиме довербата на човештвото во меѓународниот систем, сметаме дека е важно сите земји кои се страни на договорот да ја спроведат оваа храбра одлука“, рече турскиот претседател на Меѓународниот саем на невладини организации
Што друго би сакале да знаете?
Популарни