Косово купи дронови Бајрактар ТБ-2 од Туркије / Photo: Фејсбук профил на премиерот на Косово Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека Владата на Косово купила турски беспилотни летала Bayraktar TB-2 за косовските безбедносни сили.

Курти на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии од дронот и напиша дека офицерите на Косовските безбедносни сили (ФСК) завршиле обука за негово користење.

„Во арсеналот на нашата армија ги додадовме дроновите Бајрактар ТБ-2 што како Влада ги купивме од Туркије! За две години владеење го зголемивме бројот на војници за над 80 отсто, а буџетот за армијата над 100 отсто. Косово сега е побезбедно, освен што е секогаш гордо!“, напиша Курти.

Тој додаде дека им честитал на офицерите кои ја завршиле обуката за употреба на беспилотните летала со командантот на КБС, генерал-потполковник Башким Јашари и министерката за одбрана Арменда Мехај.

AA
Популарни