Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека хибридната војна што ја водат непријателските земји против Русија ќе трае долго.
Одговарајќи на прашањето дали руската „специјална воена операција“ во Украина ќе заврши оваа година, Песков рече: „Ако мислите на војната во поширок контекст, конфликтот со непријателските држави, хибридната војна против нашата земја, тогаш тоа ќе трае долго.“
Тој истакна дека во овој случај им се потребни самодоверба, одлучност и единство околу претседателот.
Портпаролот Песков се осврна и на Самитот на демократија што го организираа Соединетите Американски Држави (САД).
„Америка, која тврди дека е светски таканаречен учител на демократијата, прави втор обид да собере неколку земји да проповедаат, под маска на ученици. Не може да се каже дека ова е многу сериозен настан“, додаде Песков.