Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека некои луѓе не разбираат колку е важно земјата да влезе во НАТО и додаде дека провокаторите се обидуваат да го спречат шведското членство во Алијансата.         Фото: Ројтерс

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека некои луѓе не разбираат колку е важно земјата да влезе во НАТО и додаде дека провокаторите се обидуваат да го спречат шведското членство во Алијансата.

Кристерсон, придружуван од шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром и министерот за одбрана, Пал Јонсон, им се обрати на новинарите во Стокхолм и истакна дека неговата земја се соочува со најсериозниот безбедносен проблем по Втората светска војна.

„Некои не разбираат колку е сериозен влезот на Шведска во НАТО. Провокаторите се обидуваат да го спречат членството на Шведска. Сакаме да се вратиме на дијалогот со Туркије. Туркије донесува одлуки самостојно, тоа мора да го почитуваме. Сакаме да ја смириме оваа ситуација“, рече Кристерсон.

Потсетувајќи дека Финска сака да влезе во НАТО заедно со Шведска, Кристерсон истакна дека Финска сѐ уште сака да влезе во НАТО со Шведска, но дека нема да биде спречена тоа да го стори ако некој го блокира влезот на Шведска.

Осврнувајќи се на последните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Шведска, Кристерсон нагласи дека не сака да ги коментира тие изјави, но дека смета дека тоа не треба да се толкува дека Ердоган ја затворил вратата на Шведска во НАТО.

„Шведска сака отворено да зборува за членството во НАТО. Еве 28 земји веќе донесоа поединечни одлуки за членството на Шведска и Финска во НАТО, Туркије одлучува сама. Шведска бара функционален дијалог за да се испочитува договорот меѓу Финска и Туркије и тоа не е спорно. Во спротивно, има последици за шведската безбедност“, изјави шведскиот премиер.

Во саботата под полициска заштита се одржа собир во центарот на Стокхолм и пред Турската амбасада, каде што данскиот екстремен политичар Расмус Палудан го запали Куранот.

Тоа предизвика бурни реакции од исламскиот свет, а турскиот претседател Ердоган порача дека оние кои ги одобруваат и занемаруваат ваквите гнасни акти на навредување на муслиманите и исламот, не можат да очекуваат турска поддршка и одобрување за влез во НАТО.

Шведскиот шеф на дипломатијата, Билстром, рече дека палењето на книгите има мрачна историја.

„Да се ​​изјави ова не значи додворување на Туркије. Остри реакции имаше и во други земји во кои се одржуваат протести, како Авганистан и Пакистан. На социјалните мрежи се крена глас за бојкот на шведската стока. Владата внимателно ја следи ситуацијата“, рече Билстром.

И шведскиот министер за одбрана, Јонсон, изјави дека напорите на Шведска за членство во НАТО ќе продолжат и дека тоа многу ќе придонесе за безбедноста на Шведска.

AA
Популарни