Француската полиција се најде на удар на критики откако вчера се појави снимка на која се гледа како полицаец со солзавец прска арапски снимател што известуваше за протестите против контроверзната пензиска реформа.
Лупсајдер, платформа за вести на социјалните мрежи, сподели снимка од својот снимател Амар Тауалит, кој е блокиран од полицијата додека ги снимаше демонстрациите против пензиските реформи во Париз на 16 март.
Тауалит ја снимил полицијата како брка група демонстранти, додека полицајците го притискале да се повлече.
„Работам. Јас сум новинар. Напаѓате ли новинари? Имам акредитација за новинари. Во моментов снимам. Внимавајте, ова ќе биде онлајн“, вели тој на снимката.
Полицаецот му рекол да „си оди дома“ и да „се губи“, а потоа со солзавец го испрскал директно во лицето.
И покрај тоа што ја покажал својата акредитација, полицијата повторно го испрскала Тауалит со солзавец, спречувајќи го да снима и отстранувајќи го од областа.
„Јасно идентификуван како новинар и на дистанца за да не се мешам во работата на
полицијата, без причина бев прскан со солзавец и спречен да ја работам својата работа како новинар“, напиша Тауалит на Твитер.
Видеото предизвика остри реакции во земјата.