Алфа, едно од посебно обучените кучиња на турската Жандармерија, стана најголем помошник на тимовите за пребарување и спасување во Кахраманмараш.
Тимовите за пребарување и спасување се во трка со времето за да ги спасат луѓето кои останаа заглавени под урантините по разорните земјотреси од 6 февруари.
Кучињата трагачи се најголеми помагачи на тимовите во лоцирањето на луѓе под урнатините. Едно од нив е кучето Алфа, старо 2,5 години. Од првиот ден е во Кахраманмараш.
Со помош на Алфа, екипите извлекоа 20 повредени од под урнатините. Бројни спасувачки екипи продолжуваат со акциите на пребарување и спасување во градот Антакија во провинцијата Хатај, погодена од земјотресот кој го нарекуваат „катастрофа на векот“.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во провинцијата Кахриманмараш, а борјни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите на пребарување и спасување на луѓето заглавени под урнатините на зградите. Во земјотресите на југот на Туркије загинаа 31.974 лица.