„Уште еден голем маченик се приклучи на караванот на мачениците во Газа“, рече спикерот на турскиот парламент / Фото: AA

Спикерот на турскиот парламент Нуман Куртулмуш остро го критикуваше убиството на Исмаил Ханије, шеф на политичкото биро на палестинската група на отпор Хамас, во Техеран главниот град на Иран.

„Уште еден голем маченик се приклучи на караванот на мачениците во Газа. Нашиот брат Ханије, политичкиот лидер на палестинската кауза, кој даде десетици маченици од своето семејство, стана маченик во грозен напад на ционистичкиот израелски режим, непријател на хуманоста и извршител на масакри“, рече Куртулмуш на Х.

Посакувајќи милост на Алах за Ханије, Куртулмуш рече: „Тој живееше како што веруваше и умре како што живееше“.

„Животот што тој го посвети на палестинската кауза и борбата што ја водеше беше пример за генерациите“, истакна Куртулмуш.

Куртулмуш изрази сочувство до палестинскиот народ и до „сите оние кои се посветени на каузата за слободна Палестина“.

Хамас рано во средата објави дека Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз неговата резиденција во иранскиот главен град Техеран.

Иранската државна телевизија јави и за смртта на Ханије, истакнувајќи дека истрагата за атентатот е во тек и дека резултатите ќе бидат објавени наскоро.

Израел не даде никакво соопштение за атентатот.

AA
Популарни