Лансирањето на Спејс икс за вселенската мисија „Ax3“ одложено за утре / Photo: AA

Лансирањето на вселенската мисија на Спејс икс за пренесување на турскиот полковник Алпер Гезеравџи и уште тројца астронаути до Меѓународната вселенска станица, е одложено за еден ден, односно ќе се лансира утре (четврток).

„Дополнителното време им овозможува на тимовите да ги завршат проверките пред лансирањето и анализата на податоците за леталото“, се вели во соопштението на Спејс икс.

Четворица астронаути од Туркије, Шпанија, Италија и Шведска ќе спроведат над 30 научни експерименти и демонстрации на Меѓународната вселенска станица како дел од мисијата „Ax3“.

Мисијата првично беше закажана за 9 јануари, но поради лошите временски услови беше одложена за денес, 17 јануари.

Лансирањето ќе го спроведе Спејс икс во Флорида со својата ракета Фалкон 9.

AA
Популарни