Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека палестинска држава е неизбежна.
„Од историски аспект, формирањето палестинска држава е неизбежно“, нагласи Лавров во интервјуто за рускиот телевизиски канал „РТ“.
Лавров изрази жалење што во дискусиите за иднината на Појасот Газа не се обрнува внимание на прашањата за формирање палестинска држава.
Тој истакна дека прекинот на огнот и решавањето на хуманитарните прашања се високи приоритети во палестинско-израелскиот конфликт.
„Непосредна задача, најитна, е прекин на непријателствата и усвојување мерки за решавање на хуманитарните прашања што се одразуваат насекаде (на палестинската територија)“, додаде шефот на руската дипломатија Лавров.
AA