ОБСЕ не ги третира европските безбедносни прашања на вистински начин.Западните престолнини го поткопуваат работењето на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. ОБСЕ моментално им служи на интересите на НАТО и ЕУ, порача денеска рускиот министер за надворешни работи во говорот на триесетиот Министерски совет на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.
Неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија. И самиот Лавров веднаш по завршувањето на говорот ја напушти салата во која се одржува состанокот.
Лавров во обраќањето истакна дека традицонално овие состаноци завршуваат со позитивни и охрабрувачки пораки, но според него во моментов нема простор за оптимизам.
“Поделбите на континентот ја поткопуваат безбедноста што ја креира ОБСЕ и доблесната идеја на која почива процесот од Хелсинки”, рече Лавров.
Според Лавров сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднкави права на сите учесници.
Лавров истакна дека на глобално ниво не постои баланс на интересите. Тој се осврна на повеќе случувања во минатото, нагласувајќи дека земјите од НАТО и ЕУ ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Истакна дека во 1999 година, НАТО извршил брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ, а го спомена и како што рече одземањето на Косово од Србија и кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.
“Во тој поглед, со жалење можеме да кажеме дека ОБСЕ ја дочекува годишнината во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни”, рече рускиот министер.
Лавров говореше и за останатите прашања кои ја засегаат Русија, а за кои кажа дека се поттикнати од западната политика, Грузија, Јужна Осетија, Приднесторовие, Молдавија, Донбас, Украина, а ги спомена и санкциите на кои Западот ги воведе кон Русија, кои ги означи како обид да ја урнат руската економија.
Според Лавров, Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.
Рускиот министер за надворешни работи веднаш по завршувањето на говорот ја напушти салата, во која се одржува состанокот. Неговото обраќање беше бојкотиран од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија.
Лавров на маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје имаше билатерални средби со шефовите на дипломатиите на Ерменија и Унгарија, Арарат Мирзојан и Петер Сијарто.
Инаку на Министерскиот совет на ОБСЕ учествуваат околу 1 000 претставници и 76 делегации од 57 земји членки на ОБСЕ. Во името на Туркије на состанокот присуствува заменик – министерот за надворешни работи Бурак Акчапар.
Со министерскиот совет претседава македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Во воведниот говор Османи се осврна на три поенти, поддршката за Украина, зајакнувањето на ОБСЕ и грижата за луѓето како фокус на работата во иднина.
Вчера на неформалната вечера во пресрет на официјалниот почеток на Министерскиот совет во Северна Македонија допатуваа и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британскиот премиер Дејвид Камерон и европскиот комесар за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.