Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Соединетите Американски Држави ја турнале Европа во банкрот.
„Според најскромните процени во последната една и пол година, европските компании загубија 250 милијарди евра поради едностраните санкции од Западот. Ова е огромна бројка“, рече Лавров во обраќањето на тркалезна маса во Москва.
На средбата на која присуствуваа и амбасадори на некои земји се разговараше за решавањето на украинската криза.
Тој истакна дека САД со својата политика ѝ нанеле штета на европската економија.
„Додека САД ѝ носи профит на својата воена индустрија, Европа, која е под нејзина команда, ја турка во банкрот“, рече Лавров.
Тој истакна дека САД ја принудуваат Европа да го купува нејзиниот скап течен природен гас.
„САД им ги наметнува своите себични закони на европските компании и ги принудува да ги преселат своите операции во странство, каде што трошоците се помали. Вашингтон, кој ја принудува Европската Унија да се откаже од сè што е руско, продолжува да купува ураниум и други клучни материјали од Русија“, изјави Лавров.