Духот на Олимписките игри, топлината на луѓето сѐ уште е присутна, 40 години по Олимпијадата, рече Дин / Photo: AA

Познатата британска двојка во лизгање Џејн Торвил и Кристофер Дин повторно дојдоа во Сараево, како дел од прославата на 40-годишнината од Зимските олимписки игри.

Олимписките победници Џејн Торвил и Кристофер Дин испишаа историја на уметничко лизгање на мразот во Сараево во 1984 година, танцувајќи во ритамот на славното Болеро на Равел.

Пред 40 години, Британцитего освоија олимпиското злато, при што секој од деветте судии им даде максимална оценка -шест за нивниот настап.

Домаќин во Сараево им беше градоначалничката Бенјамина Кариќ, која рече дека денеска сакаат да ги оживеат само најубавите емоции и се заблагодари на британската двојка што го оживува олимпискиот дух во главниот град на Босна и Херцеговина.

Кристофер Дин денеска на прес-конференцијата во Градското собрание рече дека поради топлиот пречек Сараево го чувствува како втор дом.

"Сараево беше толку многу дел од нашите животи. Кој би замислил дека ќе бидеме тука по 40 години и ќе го прославиме настанот што се случи тогаш. Имаме прекрасни искуства. Духот на Олимписките игри, топлината на луѓето е присутна Сè уште го чувствуваме тоа и денес по 40 години“, рече тој.

Тој додаде дека би сакал да се врати во Сараево за 50-годишнината од Зимските олимписки игри, но најави дека ќе го посети главниот град на Босна и Херцеговина во текот на летната сезона, за време на Сараевскиот филмски фестивал.

„Денес е Денот на вљубените, а јас и Џејн секогаш велиме среќен ден на Болеро, бидејќи секогаш не потсетува на победата на Олимпијадата, танцот што го игравме, кој ни даде долговечност. Танцувавме низ целиот свет, го претставувавме Болеро насекаде. Сите што дојдоа да разговараат со нас, ќе кажаа како се сеќаваат кога не гледаа во Сараево, како лизгавме и победивме. Сараево е дел од нашиот живот“, додаде Дин, потсетувајќи дека идната година парот заедно ќе ја одбележи 50-тата година од лизгањето.


AA
Популарни