Прикажан документарецот на ТРТ Ворлд „Цената на земјата“ на АЏБ ДОК / Photo: AA

Како дел од Седмиот фестивал на документарен филм Ал Џезира Балкан (АЏБ ДОК) во Сараево вчера беше прикажан документарниот филм на ТРТ Ворлд „Цената на земјата“, кој го истражува светот на радикалните еврејски доселеници на палестинска земја и ја открива израелската стратегија за раселување на Палестинците.

Филмот е прикажан во рамките на натпреварувачката програма, и ова е негова меѓународна премиера. Филмот говори за илегалните еврејски доселеници кои се водени од визијата за „Голем Израел“ и кои слепо ги следат своите водачи.

Ставајќи го во преден план нападот врз селото Дума, во текот на 22 дена интервјуа, филмот го открива влијанието на водачите на доселениците и последиците врз Палестинците.

За окупацијата прв пат говорат нејзините протагонисти

Извршната продуцентка Аслихан Екер Чакмак истакна дека ова е првпат во филм за израелската окупација да не зборуваат оштетените Палестинци и жртвите на насилството, туку илегалните доселеници кои се протагонисти на окупацијата.

„Тие говорат за тоа во филмот, а говорат и израелските активисти кои се противат на окупацијата. Филмот е приказна за тоа како Израел ја окупира Палестина од ден на ден“, рече Чакмак.

Истакнувајќи дека за време на снимањето се соочиле со бројни потешкотии, опасности и забрани, Чакмак рече дека овој проект барал добра подготовка и силна мрежа, која секако ја има ТРТ Ворлд.

„Во филмот од поинаква перспектива го гледаме вистинското лице на окупацијата. Исто така, важно е што во екот на нападите, во филмот некои говорат за правото на Израел за одбрана од Хамас. Во нашиот филм го нема Хамас, овие луѓе од филмот се соучесници во окупација која нема никаква врска со Хамас и даваат вистинска слика за апартхејдот и систематската окупација што ја спроведува Израел“, рече Чакмак.

Без ништо субјективно

Еден од авторите, новинарот Хозе Карлос Соарес, кој изјави дека за време на филмот имал можност да го посети окупираниот Западен Брег и да ја види, слушне и почувствува вистинската слика за суровата окупација.

Додаде дека тука не се важни неговите мислења, што размислува како новинар и автор, туку дека таму бил во улога на активист и коментатор кој ја пренесува приказната на другите луѓе.

„Нашиот документарец не го одразува нашето мислење. Во сите 53 минути од филмот нема ниту едно наше мислење, ниту став. Има само зборови на доселениците и израелските активисти кои се борат против радикалните доселенички групи. Го слушнавте поранешниот премиер кој рече дека месијанските групи се опасни. Овде можете да ги слушнете највисоките претставници на доселениците како велат дека мора да ги убијат Палестинците и дека целата таа земја, вклучително и Газа, е израелска“, рече Соарес.

Фестивалот на документарен филм на Ал Џезира Балканс, АЏБ ДОК, се одржува од 13 до 17 септември, а Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер.

TRT Balkan / агенции
Популарни