Седиштето на мировниците на ОН и нивните блиски позиции во јужен Либан се неколку пати биле погодени во неодамнешната ескалација долж Сината линија, се вели во соопштението на УНИФИЛ во четвртокот, додавајќи дека двајца мировници биле повредени од оган од израелски тенк.
Израелските сили истрелале тенковска граната врз набљудувачката кула во главната база на мировните сили УНИФИЛ во Накура во јужен Либан во средата.
Според соопштението на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), набљудувачката станица во седиштето во Накура била директно погодена, што предизвикало пад на мировниците.
„За среќа, повредите овојпат не се сериозни, но повредените остануваат во болница“, велат од ОН.
Се додава дека израелските војници пукале и кон базата во Накура, „погодувајќи го влезот во бункерот каде што се криеле мировните сили и ги оштетиле возилата и системот за комуникација“.
Во соопштението на ОН се вели дека израелските сили „постојано ги гаѓале“ позициите на ОН во последните 24 часа.
Според ОН, израелските војници во средата намерно пукале во безбедносните камери на ОН и ги оштетиле“ .
Забележано е и израелско беспилотно летало како лета над влезот на бункерот, врз кој исто така рано денеска пукале израелски војници.
„Секој намерен напад врз мировниците е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“, велат од ОН.