Либерман: Израелските војници ги мачат кошмари, економијата е во колапс / Photo: AA Archive

Поранешниот израелски министер за одбрана Авигдор Либерман денес рече дека војниците ги мачат кошмари, економијата е во колапс, а дипломатијата еродира.

„Поминаа девет месеци од смртоносниот изненаден напад на Хамас врз државата Израел и нејзиниот народ, и се чини како ништо да не се променило во израелското раководство“, напиша Либерман во написот објавен на израелскиот информативен сајт Вала.

„Децата и возрасните, војниците и резервистите страдаат од кошмари за тоа што се случило и што може да се случи. Израелската економија е во колапс, а израелската дипломатија еродира“, истакна лидерот на десничарската опозициска партија.

Осврнувајќи се на тензиите меѓу Израел и либанската група Хезболах, Либерман рече: „Северот е пуст и запален; Иран продолжува да се вооружува; и додека сето ова се случува, корумпираната Влада продолжува како ништо да не се случило“.

„Преговорите за ослободување на заложниците треба да се одвиваат подалеку од камерите, дозволувајќи му на професионалниот тим предводен од Ницан Алон (одговорен за досието за исчезнатите лица во израелската Армија) да го води процесот со целосна поддршка“, нагласи Либерман.

Израел уби над 38.000 Палестинци во Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, кој однесе 1.200 животи, а уште 250 зеде како заложници. Акциите на Израел предизвикаа хуманитарна катастрофа и тековно судење за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Преговорите за траен прекин на огнот и ослободување на заробениците продолжуваат, но сè уште без успех.

AA
Популарни