Церемонијата за прием на Шведска ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел / Photo: AA

Шведска во понеделник официјално ќе стане членка на НАТО, откако претходно минатиот месец ги заврши подготовките за членство, објавија денеска локалните медиуми.

Според шведската телевизија ТВ4 Шведска ќе стане 32 членка на воената алијанса на церемонијата што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел на 11 март,.

Во мај 2022 година, Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО, напуштајќи ја својата долгогодишна политика на воена неутралност, откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари 2022 година.

Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО веднаш по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Финска се приклучи на алијансата во април 2023 година, додека Шведска ги заврши процедурите за членство минатиот месец.

TRT Balkan / агенции
Популарни