Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, ја опиша израелската окупација на Газа како „геноцид“, споредувајќи го тоа со делата на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
„Она што се случува во Појасот Газа не е војна, туку геноцид“, изјави Лула да Силва, пренесе бразилскиот весник „Канал Гов“.
„Настаните во Појасот Газа никогаш не се случиле во ниту еден момент од историјата. Всушност, се случиле кога Хитлер одлучи да ги убие Евреите“, изјави Силва за новинарите во текот на посетата на Адис Абеба, главниот град на Етиопија, каде што учествуваше на 37. Самит на Африканската унија.
Израел вчера го критикуваше бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, најавувајќи дека денес ќе го повика амбасадорот на оваа јужноамериканска држава.
Израелскиот министер за надворешни работи, Исраел Кац, изјавите на Силва ги нарече „срамни“ и „сериозни“.
„Во никој случај нема да му наштети на правото на Израел да се брани. Им наредив на луѓето од мојата канцеларија да го повикаат бразилскиот амбасадор на укор“, објави Кац на социјалната мрежа Х.