Палестинскиот министер за здравство Маи Алкаила предупреди на непосредна хуманитарна катастрофа во болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелската армија ја опколи болницата и нареди евакуација на комплексот.
Според очевидци, армијата наводно им дала на илјадници раселени Палестинци во комплексот до 7:00 часот по локално време да ја евакуираат болницата.
Израелските сили упаднаа во болницата рано во четвртокот, предизвикувајќи паника меѓу раселените лица и пациентите, изјавија очевидци.
Во средата, најмалку еден Палестинец беше убиен, а неколку други беа повредени во израелски напад врз одделот за ортопедија во болницата.
„Ова е ново злосторство извршено од израелската окупација врз нашиот народ во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Алкаила.
Алкаила апелираше до Обединетите нации да интервенираат за „запирање на израелските злосторства“ во болниците во Газа.
„Раселените побараа засолниште во болницата за да ја избегнат израелската агресија“, рече Алкаила. „Нема безбедно место во енклавата“.
Од 22 јануари, Кан Јунис беше сведок на масивна израелска копнена инвазија, принудувајќи десетици илјади жители на градот да избегаат.
Израел го нападна Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 28.576 и предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни работи. Се верува дека во нападот на Хамас биле убиени речиси 1.200 Израелци.
Поради израелската војна воГаза 85 отсто од населението на територијата се расели. Во енклавата има акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови. Според ОН, 60 отсто од инфраструктурата на Газа е оштетена или уништена.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.