Макрон ја истакна потребата од прекин на огнот „без одложувања“ / Фото: AP

Францускиот претседател ги осуди „неселективните израелски напади“ кои само го влошуваат смртоносниот биланс кој е „веќе неподнослив“ во Газа и во Либан, се вели во официјалното соопштение на Елисејската палата.

Претседателот Емануел Макрон телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти француското претседателство.

Макрон ја повтори посветеноста на Франција да спречи прелевање на конфликтот во регионот, „што би имало катастрофални последици за населението и за меѓународната безбедност“.

Макрон ја истакна потребата од прекин на огнот „без одложувања“ во Либан и го повика Нетанјаху да ги прекине своите „операции“.

„Претседателот, исто така, го изрази својот бес“ поради повредата на неколку мировници на ОН во Либан и го повика Израел да стави крај на „неоправданото таргетирање“ на силите на ОН во регионот.

Макрон изрази длабока загриженост за ситуацијата на Западниот Брег, „насилството врз цивилите, особено од доселениците“, се наведува во соопштението.

Покрај кампањата во Газа од октомври минатата година, која однесе повеќе од 42.000 животи, Израел ги засили своите операции во Либан минатиот месец, убивајќи повеќе од 1.500 луѓе, убивајќи го лидерот на Хезболах Хасан Насрала и расели над милион други.

Израел започна копнена операција на 1 октомври и исто така отвори оган врз позиции на мировната мисија на ОН во јужен Либан.

AA
Популарни