Маск присуствуваше на церемонијата на Првиот американски политички институт во Палм Бич, каде се обрати и Доналд Трамп / Photo: Reuters

Иако сè уште не е формиран, одделот задолжен за намалување на трошоците на Владата на Соединетите Американски Држави, на чело со технолошкиот магнат Илон Маск, почна да прифаќа пријави за идниот персонал, обидувајќи се да вработи „револуционери“ со високи IQ резултати.

Маск на својата сметка на Х напиша: „Не ни требаат повеќе генератори на идеи со скратено работно време. Потребни ни се револуционери за мала влада со супервисок коефициент на интелигенција, кои се подготвени да работат повеќе од 80 часа неделно во рамките на негламурозно намалување на трошоците. Навистина, ова ќе биде тешка работа, ќе создадете многу непријатели и нема да имате компензација. Колку добра спогодба!“, напиша Маск и додаде насмеан емотикон.

Маск претходно најави дека неговата цел е да го намали федералниот бирократски систем за една третина и да заштеди две милијарди долари за американската влада, велејќи дека за таков потфат потребно е да се минат „привремени тешкотии“.

Во вторникот, Трамп најави отворање нова советодавна група, Одделот за владина ефикасност, предводена од Илон Маск и Вивек Рамасвами.

„Тие двајца ќе го отворат патот мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да ги намали расипничките трошоци и да ги преструктуира федералните агенции“, рече Трамп.

AA
Популарни