Eлон Маск објави дека „Старлинк“, систем на сателитски интернет чиј е сопственик, ќе обезбедува услуги за поврзување на меѓународно признатите хуманитарни организации во Газа.
„Не е јасно кој има овластување за врските во Газа, но знаеме ли дека ниту еден терминал не побара поврзување во тоа подрачје“, напиша Маск на X.
Откако Израел целосно ги прекина услугите на фиксната, мобилната телефонија и интернетот во блокираниот Појас Газа, стотици корисници на платформата за социјални медиуми Х побараа да се стави во функција сателитскиот систем „Старлинк“ за координирање на хуманитарната помош.
„Со прекинот на комуникациите во Газа, нашата помош во храна, која спасува луѓе, сопре. Не можеме да стигнеме до нашите вработени, партнерите или луѓето кои ни веруваат. Итно ни е потребен одржлив пристап и оперативна способност за хуманитарната помош. Секоја минута е важна“, рече извршната директорка на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН) Синди Мекејн.
Бројот на загинати од немилосрдното израелско бомбардирање на Газа и судирите на Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 7.814, објави денес палестинската државна телевизија
Меѓу загинатите, најмалку 3.595 се деца.
Околу 2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг од храна, вода и лекови поради масовното израелско воздушно бомбардирање и целосната блокада на енклавата.
Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) усвои резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот.