Израел понуди да ги запре нападите во Појасот Газа на два месеца во замена за ослободување на сите заложници што ги држи палестинското движење Хамас во таа енклава.
Повикувајќи се на изјавите на неименувани израелски функционери, американскиот портал „Аксиос“ пренесува дека Израел му понудил нов „прекин на огнот“ на Хамас.
Беше нагласено дека администрацијата на Тел Авив понудила да ги прекине нападите врз Газа на два месеца во замена Хамас да ги ослободи сите заложници.
Овој извор јавува дека израелскиот предлог не вклучува траен прекин на огнот во Газа и дека тој е пратен до Хамас преку Катар и Египет.
Израелските власти, наводно, рекле дека чекаат одговор од Хамас, но тие се внимателни оптимисти дека може да се постигне напредок во наредните денови.
Се наведува и дека доколку се постигне договор за размена на заложници, првата фаза би била ослободување на жените, мажите над 60 години и оние со критична здравствена состојба.
Се наведува дека израелските официјални лица рекле дека, според предложениот договор за размена на заложници, Израел и Хамас однапред ќе се договорат за тоа колку палестински заложнци ќе бидат ослободени во замена за секој израелски заложник.