На видеата на социјалните мрежи се гледа како се издига чад од џамијата во центарот на градот Рафах, а во позадина се слушаат звуци на дронови / Photo: AA

Израелските медиуми објавија дека израелски тенкови за првпат влегле во центарот на градот Рафах на југот на Појасот Газа.

Повикувајќи се на изјави на очевидци, порталот „Инет“ пренесува дека израелски тенкови гранатирале џамија додека биле стационирани во близина на џамијата Ал Авда.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како се издига чад од џамијата во центарот на градот Рафах, а во позадина се слушаат звуци на дронови.

Лицето кое ги направило фотографиите изјавило дека цел на нападот била и џамијата.

Очевидци кои претходно разговараа со новинарот на Анадолу изјавија дека Израел со артилериски оган цели на минарињата на неколку џамии во Рафах.

Мета на израелски напади беше и една индонезиска болница во регионот Тел ес Султан.

Очевидци нагласија дека Израел ги изложил западните делови на Рафах на силно бомбардирање со хаубици, а тенкови на израелската армија биле распоредени и во областите Тел Зараб и Арз Абу Самхад.


AA
Популарни