Ројтерс објави и дека Хамас соопштил оти е можен договор за прекин на огнот и размена на заложници ако Израел престане да поставува нови услови / Photo: Reuters

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска допатува во Каиро на разговори за прекин на огнот во Газа, а според неименувани извори на агенцијата Ројтерс, се очекува договор за прекин на огнот во Газа да биде потпишан во наредните денови.

Во Каиро, се наведува, ќе се разговара и за постигнување договор во врска со заложниците, кои беа заробени од Хамас на 7 октомври 2023 година.

Либанскиот канал Ал Мајадин објави дека Египет го поканил и палестинскиот претседател Махмуд Абас „на итна посета“, додавајќи дека Абас во Каиро пристигнува од Ватикан и дека договорот со Хамас за заложниците изгледа сѐ поизвесен.

Во меѓувреме, агенцијата Ројтерс објави и дека Хамас објавил дека е можен договор за прекин на огнот и заложници доколку Израел престане да поставува нови услови.

Катарскиот канал Ал Кахера њуз, поврзан со државата, објави дека Каиро и Доха „напорно работат со сите страни за да постигнат прекин на огнот во Газа“, без да даде дополнителни детали.

Во понеделникот, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече дека е на пат да се постигне договор за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас.

„Ние сме поблиску од кога било до значаен договор“, ја цитираше Армијата радио изјавата на Кац за време на затворениот состанок на Комитетот за надворешни работи и безбедност на Кнесетот.


TRT Balkan / агенции
Популарни