Нерешливите несогласувања меѓу делегациите на Израел и Хамас во индиректните разговори за размена на заложници и прекин на огнот во Појасот Газа го спречуваат постигнувањето договор, објавија израелските медиуми во четвртокот.
Израелската радиодифузна управа цитираше „информирани извори“ за напредокот на последната рунда преговори, која започна во египетскиот главен град Каиро минатиот вторник.
Медиумите наведуваат дека израелската делегација го напуштила Каиро во четвртокот вечерта и се вратила во Израел.
Се цитираa неименувани информирани извори кои велат дека има „нерешливи несогласувања“ меѓу двете страни, без да се открие природата на несогласувањата.
Претходно во четвртокот, египетскиот приватен канал Ал Кахера њуз цитираше египетски извор на високо ниво дека делегациите на Хамас и Израел го напуштиле Каиро во четвртокот без да разговараат за нов датум.
Хамас доцна во понеделникот соопшти дека го прифатил предлогот за прекин на огнот во Газа, подготвен од Египет и Катар.
Но Израел рече дека понудата за примирје што ја прифати Хамас не ги исполни нејзините клучни барања и одлучи да продолжи со операција во Рафах во јужен Израел за да изврши „воен притисок врз Хамас со цел да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците и другите воени цели.“
Израел уби повеќе од 34.900 Палестинци, главно жени и деца, а повреди над 78.500 други по нападот на палестинската група Хамас на 7 .октомври минатата година, кој однесе 1.200 животи.
По седум месеци од израелската војна, огромни делови од Газа лежат во урнатини, а 85% од населението на енклавата е внатрешно раселено во услови на осакатувачка блокада на храна, чиста вода и лекови, според ОН.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Во привремената пресуда во јануари се вели дека е „веродостојно“ дека Израел врши геноцид во Газа и му нареди на Тел Авив да ги запре таквите дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во енклавата.