Поминаа месец дена од разорните земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија.
Најмалку 45.968 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што го погодија југот на Туркије на 6 февруари.
Во соседна Сирија загинаа повеќе од 3.500 луѓе, а повредени се повеќе од 5.200.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари погодија околу 13,5 милиони луѓе во провинциите Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг, според податоците на турската Агенција за справување со катастрофи (АФАД).
Целиот сочувствуваше со болката на турскиот и сирискиот народ.
Од првите денови пристигнуваше помош од различни делови на светот. Меѓу земјите кои испратија спасувачки тимови и помош во облека, ќебиња, греалки и храна беа и земјите од Западен Балкан и регионот.
Многу хуманитарни организации, институции, членови на невладиниот сектор и поединци собираа и испратија хуманитарна помош во изминатиот период од Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина Србија, Црна Гора и Хрватска.