Собирот е организиран во пресрет на парламентарните и претседателските избори кои ќе се одржат на 14 мај.  / Photo: AA

На аеродромот „Ататурк“ во Истанбул одржан е митинг на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) на кој присуствува повеќе од 1.700.000 луѓе.

Собирот е организиран во пресрет на парламентарните и претседателските избори кои ќе се одржат на 14 мај.

На присутните на митингот им се обрати турскиот претседател и претседател на АК Партија Реџеп Таип Ердоган, кој воедно е и кандидат на претстојните претседателските избори.

Ердоган најави бројни големи проекти во турската метропола Истанбул, вклучувајќи го „Големиот тунел на Истанбул“. „Со Големиот тунел на Истанбул дополнително ќе го збогатиме транспортот во градот, поврзувајќи 11 различни железнички линии кои дневно ќе ги користат 6,5 милиони граѓани“, рече Ердоган и додаде:

„Го имплементираме нашиог голем проект на тунел во Истанбул. Овој проект по Мармарај и Евроазија ќе биде трет тунел кој ќе помине под Босфорот“.

Избори во Туркије

Граѓаните на Туркије на 14 мај ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори, а ќе бираат помеѓу четири претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот. Право на лас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а повеќе од 4,9 милиони турски граѓани ќе гласаат за првпат.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ероган, Мухарем Инџе, Кемал Киличдаролу и Синан Оан, според редоследот на гласачкото ливче, кандидати се за претседател на Туркије. Гласачките места во недела, на 14 мај ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони.

Гласачките места ќе бидат отворени и надвор од Туркије, во 75 држави и 156 претставништва на оваа земја. Повеќе од 3,4 милиони граѓани регистрирани се за гласање од странство.

AA
Популарни