САД ќе продолжат да стојат покрај Украина во нејзината борба за слобода и против руската агресија, рече Остин / Photo: AA

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, пристигна во неочекувана посета на главниот град на Украина, Киев, што е негово второ патување во земјата од почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година, пренесува Анадолу.

„Само што пристигнав во Киев за да се сретнам со украинските лидери. Денес сум овде за да пренесам важна порака: САД ќе продолжат да стојат покрај Украина во нејзината борба за слобода и против руската агресија, и сега и во иднина“, напиша Остин во објавата на платформата Х.

Американското Министерство за одбрана во посебна изјава соопшти дека Остин ќе ја зајакне поддршката на Вашингтон за Украина и ќе ја нагласи својата постојана посветеност кон обезбедување на потребната безбедносна помош за Киев, а исто така ќе разговара за „долгорочната визија за идните сили на Украина“.

„Дискусиите ќе се фокусираат на понатамошно зајакнување на стратегиското партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Украина, обезбедувањето на вооружените сили на Украина со борбените капацитети на бојното поле потребни и за зимата, и за одбрана на својата земја од идните руски закани“, се додава во соопштението.

AA
Популарни