Министрите за надворешни работи на Туркије и на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера телефонски разговараа и разменија мислења за политичките и економските односи помеѓу двете земји, соопштија турски дипломатски извори.
Мевлут Чавушоглу и шеикот Абдула бин Зајед ал Нахјан, се осврнале и на Договорот за сеопфатно економско партнерство што го потпишаа Анкара и Абу Даби во март, со цел поттикнување на билатералната трговија.
По потпишувањето на Договорот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека економските и трговските односи помеѓу двете земји ќе влезат во нова фаза, а обемот на трговијата помеѓу Туркије и ОАЕ ќе достигне 25 милијарди долари за период од пет години.
Двајцата министри во разговорот размениле мислења и за Балканот.
TRT Balkan / агенции