„Исклучително е важно сите да се собереме, да се обидеме да спречиме такви напади, да соработуваме на разузнавачко ниво“, рече Мишел на прес-конференција во Бали        Фото: АА

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во вторник на маргините на самитот на Г-20 во Индонезија изјави дека „борбата против тероризмот е заедничка борба“.

„Исклучително е важно сите да се собереме, да се обидеме да спречиме такви напади, да соработуваме на разузнавачко ниво“, рече Мишел на прес-конференција во Бали, одговарајќи на прашање за смртоносниот терористички напад на улицата Истиклал во Истанбул..

Како што рече, ЕУ има „многу силна позиција“ и сака да соработува во борбата против тероризмот.

Шест лица загинаа, а 81 се повредени во неделната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул. Полицијата во текот на ноќта уапсила припадничка на терористичката организација ПКК, која признала дека нападот го извршила по директивите на центарот на терористичката организација во Кобане, Сирија.

Мишел рече и дека за време на самитот не е планирана средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Запрашан за можноста за натамошна ескалација на војната во Украина, европскиот функционер рече дека „Русија одлучи да ги користи храната и енергијата како оружје за масовна дестабилизација“.

AA
Популарни