Разузнавачката служба на Турција (МИТ) ja неутрализираше Хезал Белге, еден од таканаречените водачи на терористичката организација ПКК/ЈПЈ, за кој беше откриено дека планиралa самоубиствен бомбашки напад во Туркиjе, известија безбедносни извори.
„Терористкaта беше цел на операција во сирискиот регион Амуде, во близина на турската граница“, истакнаа изворите.
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ утврдила дека Белге, со кодно име „Џинда Гундикрамо“ и која била на листата барани за тероризам, одговорна за регионот Амуде планирала самоубиствен бомбашки напад.
Белге, кој долго време се наоѓа на листата на МИТ, постојано ги одложувала многуте обиди за терористички напад за подоцнежен датум поради активните превентивни мерки на безбедносните сили во Туркије.
На крајот, МИТ ја лоцираше во Амуде и успешно ја неутрализираше.
Утврдено е дека Белге се обидувала да го организира сирискиот народ и да обезбеди негово учество во терористичката организација.
Се наведува и дека Белге им се приклучила на руралните кадри на терористичката организација во 2004 година и дека со години дејствувала како таканаречена лидерка на ПКК/КЦК во северен Ирак.
Таа подоцна се преселила во Сирија и дејствувала како таканаречена водач на организацијата ПКК/ЈПЈ, а била повредена во конфликт во 2021 година.
Белге се вратила во Сирија откако била лекувана во Сулејманија, Ирак, а последен пат била активна како таканаречен офицер на Амуда на ПКК/ЈПГ.
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.